Концерт на пијанистот Ренато Чико со Националниот џез оркестар

Пијанистoт Ренато Чико ќе настапи со Националниот џез оркестар на 19 февруари во 20 часот во Националната опера и балет во Скопје. Диригент е Џијан Емин, а специјален гостин на вечерта е Енди Вотсон од Њујорк, тапанар со богата кариера на американската џез-сцена. На денот на концертот, еден час пред почетокот, на билетарницата на Националната опера и балет, студенти и пензионери може да набават билет со 50 отсто попуст, со приложување соодветен документ.

Музичкиот израз на Ренато Чико се обликувал на њујоршката џез-сцена во 1990-тите години. Како член на оркестарот на Лајонел Хемптон и музички директор на Jon Hendricks & Company. Чико делувал во самото јадро на американската биг-бенд традиција, настапувајќи и во култни џез-клубови како Blue Note и Birdland.

Денес, неговиот авторски потпис најјасно се препознава преку звукот на хамонд-оргулите – инструмент кој во проектот Organ & Big Band е поставен во центарот на оркестарскиот израз.

На концертот ќе биде изведена програмата од неговиот албум First Encounter – Organ & Big Band што ги поставува хамонд-оргулите во современ биг-бенд формат, преку оригинални композиции и специјално пишувани аранжмани.

Специјален гостин на вечерта е Енди Вотсон од Њујорк кој има богата кариера на американската џез-сцена. Билетите за концертот може да се набават online на MKTickets и на продажните места на МКТикетс.

Билетите може однапред да се резервираат на: info@jazzorchestra.mk

Сподели