Членовите на Независниот синдикат на образование и наука денеска во 17 часот најавија протест пред Сојузот на синдикати на Македонија. Наставниците се револтирани по неколку основи. Во повикот за протестот, тие велат:
– Затоа што не се почитува пресметката за плата предвидена во колективните договори. Затоа што трудот на вработените се вреднува со почетна плата длабоко под републичкиот просек. Затоа што исплатата на плата доцни 10-15 дена по законски предвидениот рок. Затоа што колегите одвојуваат до една третина од својата плата за превоз до работната организација.





