Филмот „Фантази“ во режија на Кукла Кешеровиќ, ја освои главната награда за долгометражен игран филм на 37. Филмски фестивал во Трст, Италија. Во словенечкиот филм, Македонија е земја-копродуцент („Круг филм“). Филмот исто така ја доби наградата на порталот посветен на филмската уметност – Cineuropa.org.
Филмот ја имаше македонската премиера на последното издание на „Синедејс“ во Скопје. Михрије, Сина и Јасна се најдобри пријателки во раните дваесетти, кои живеат во Словенија. Машкуданки се и одбиваат да се вклопат во конзервативниот систем во кој живеат. Светот комплетно им се менува кога ја запознаваат Фантази, трансродова жена. Заедно, тргнуваат на патување што ги истражува прашањата на родот, поривите и самооткривањето.
Фото: Trieste film festival





