Четворица скијачи ќе ја претставуваат Македонија на Зимските олимписки игри во Италија

Четворица скијачи ќе ја претставуваат Македонија на 25. Зимски олимписки игри што ќе се одржат во Милано и Кортина, Италија, соопшти Македонскиот олимписки комитет. Во нордиско трчање (крос-кантри) ќе не’ претставуваат Ана Цветановска и Ставре Јада, двајцата во дисциплините спринт и интервал старт 10 км. Во алпско скијање под знамето на Македонија ќе се натпреваруваат Јана Атанасовска и Мирко Лазарески, двајцата во слалом и велеслалом.

– Нашите спортисти покажаа исклучителна посветеност во квалификацискиот период и се подготвени да го дадат својот максимум на олимписките патеки – велат од МОК.

Сподели