Националната галерија на Македонија и МСУ од Белград потпишаа меморандум

Заштита и презентација на културното наследство и современата уметност, градење капацитет и едукација на стручниот персонал се во фокусот на соработката помеѓу Национална галерија на Македонија и Музејот на современата уметност од Белград. Меморандумот за соработка го потпиша директорите на двете институции, Али Синани и Маријана Колариќ.

Соработката вклучува реализација на поединечни и заеднички програми. Како резултат на воспоставената соработка, самостојна изложба на академик Жарко Башески закажана за годинава во МСУ во Белград. Возвратно, самостојна изложба на ликовниот уметник Мрѓан Бајиќ ќе биде отворена во 2027 година во Националната галерија на Македонија. Националната галерија соопшти дека планира меморандуми за соработка сос родни институции од Хрвстка, Косово и од Албанија.

Сподели