Отворен повик за учество на „Остен биенале 2026“

„Остен“ го распиша повеикот за „Остен биеналето“ 2026, настан отворен за сè што е ново и е многу посеопфатен од традиционалните формати, давајќи приоритет на дела што ги рушат старите и истрошени уметнички матрици. Биеналето е посветено на дела што носат препознатлив авторски печат или навестуваат обид за излегување од воспоставените академски правила, во слободниот простор на творештвото. Биеналето ги предизвикува уметниците да ги поместат конвенционалните граници, како во однос на употребата на техники, алатки и медиуми, така и во однос на креативната слобода на изразување.

Може да се конкурира во следните техники и формати: Уметност на хартија (цртеж, графика и комбинирани техники), 2Д и 3Д (сликарство, објекти, инсталации, текстилна уметност) и фотографија, видеоуметност, мултимедијална уметност.

„Остен биеналето“ нуди можност за учество на уметници постари од 18 години, во две категории: индивидуално и групно (до 7 уметници), при што, групата може да се пријави со: заеднички концепт (со посебни дела на членовите на групата обединети околу концептот) и заедничко дело (едно дело создадено од сите членови на групата со групно авторство).

Повеќе информации, на следниот ЛИНК.

Сподели