Албумот „Растенија без корен“ на Дина Јашари се најде на второто место на пет најдобри албуми во регионот, гласање што го организираше почитуваниот музички портал „Рокомотива“. Гласаа 23 музички новинари, критичари од државите од некогашна Југославија, што ја прави оваа листа особено релевантна.
– Албумот е искрена и нежна исповед која на слушателот речиси незабележливо, но упорно му се вовлекува под кожа. Звучната слика, истовремено разновидна, жива и органска, делува исклучително непосредно – како интимен разговор без непотребни детали. Јашари вешто се извлекува од јасните жанровски рамки и гради сопствен израз во кој се преплетуваат суптилни мелодии, воздржани аранжмани и емоционална топлина. Токму таа ненаметлива искреност му дава на албумот посебна тежина и му овозможува на слушателот во него да најде простор за сопствени чувства и интерпретации – пишува Маријана Кулјанац во рецензијата посветена на албумот на Јашари, на словенечкиот медиум „Радио штудент“.
Од Македонија во гласањето учествуваа Зоран Митровиќ од продукцијата „Чув де чув“ и Љупчо Давчев, постојан соработник. на Rockomotive.
Повеќе за сите избрани албуми, прочитајте на следниот ЛИНК.





