Младиот уметник Константин Солак освои прва награда на конкурс во Италија

Младиот уметник Константин Солак ја освои првата награда за делото „Црквата над облаците“ во рамките на Националната награда за сликарство и графичка уметност, посветена на свештеникот Дон Винченцо Греко. Конкурсот беше инициран од самата општина, предводена од градоначалникот д-р Џузепе Минутилја, со цел да се промовира и вреднува ликот на Дон Винченцо Греко, на кого му се должи пристигнувањето на бројни уметнички дела од барокниот период во Сан Мауро, како и во поширокиот регион, сочувани во многубројните цркви на подрачјето Мадонита.

Втората награда ја доби уметницата Мариза Баталја за делото „Летот на ангелот“, а третата – уметникот Дарио Пјетро ди Бела за делото „Сводови и улички“.

Членовите на комисијатас се водеа по следните критериуми за оценување на делата: техника и мајсторство; компетентност во користењето на материјалите, прецизност и техничка иновативност; oригиналност и креативност; степен на оригиналност во интерпретацијата на темата и употребата на формите; способноста на делото да предизвика емоции или размислувања и др.

Сподели