НАЈЧИТАНИ ВО 2025: Тешко заминаа во Бразил, уште потешко се вратија. Авантурите на тимот кој освои две бронзи за Македонија на најтешката олимпијада по хемија

Што правите кога сте 10 илјади километри далеку од дома, одговорен за шест млади луѓе, некои од нив малолетни, со освоени два медала за својата татковина, вашите колеги, среќни, влегуваат во авион што ќе ги однесе дома, а вам ви велат – не можете да влезете… Ова е авантурата на македонскиот тим што ја претставуваше Македонија на 59. Менделеева олимпијада по хемија што се одржа од 5 до 13 мај во Бело Хоризонте, Бразил. Ова е еден од најчитаните текстови на Умнп.мк во 2025 година. Тимот за првпат освои две бронзени медали на престижниот натпревар. Двете бронзени медали на олимпијадата во Бразил ги освоија Марио Ванчоски од штипската гимназија „Славчо Стојменски“ и Петар Мирчевски од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп. Во тимот беа и Иван Костевски и Даниел Христов од „Славчо Стојменски“ и Теона Ана Георгиевска и Елена Живаљевиќ од „Јахја Кемал“ од Скопје.

Натпреварите по хемија во Македонија и учеството на нашите тимови на меѓународните олимпијади го организира Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ). Ментори на учениците се членови на Сојузот, претежно универзитетски професори од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет од Скопје. Ментор на учениците на Менделеевата олимпијада беше проф. д-р Миха Буклески. Натпреварувачите од сите научни здруженија од Македонија со години се соочуваат со тешки финансиски проблеми, зашто до пред еден месец немаа поддршка од Министесртвото за образование и наука и најголем дел од трошоците само ги обезбедуваа иако се натпреваруваа под државното знаме. Со измените на Законот за средно образование донесени во пред два месеца се овозможуваат услови за полесно функционирање. Буклески ја почнува приказната за патешествието во Бразил, објаснувајќи какви сè последици предизвикуваат финансиските проблеми и досегашните нестабилни буџети. Целиот текст на линкот.

 

Сподели