Ви ги претставуваме најчитаните текстови на Умно.мк во изминатата година. Кога керамиката е повредна од златото – реченица која археолозите често им ја кажуваат на луѓето кои немаат големи познавања од оваа професија. А керамиката е повредна од златото кога на неа луѓето што живееле пред илјадници години напишале нешто. Археолозите од Кумановскиот музеј неодамна соопштија дека на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане го открија најстариот автохтон натпис на териториите северно од македонското кралство. Поради разорното уништување на објектот во минатото тие не успеале да ги најдат останатите делови од садот, објаснува археологот Дејан Ѓорѓиевски, раководител на ископувањата. Со него разговараме за археолошките истражувања, за новите сознанија во резиденцијалниот објект, за околностите во кои растела и се развивала оваа населба. Целото интервју на ЛИНКОТ.





