На Природно-математичкиот факултет во Скопје вчера се одржа 3. Балканска олимпијада по физика чиј организатор е Бугарското друштво на физичари од Софија, Бугарија. Македонија ја претставија учениците:
– Емилија Николовска, 2. година во „Математичко-информатичка гимназија“, Скопје;
– Јан Стојановски, 2. година во ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје;
– Мајкл Георгиевски, 3. година во гимназијата „Добри Даскалов“, Кавадарци;
– Сандра Недановска, 3. година во ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје.
Водачи на тимот се м-р асс. Христијан Кочанковски (лидер) и проф. д-р Ламбе Барандовски (заменик-лидер). Поради ковид-19 олимпијадата се одржа од далечина, а локални организатори се Друштвото на физичари на Република Македонија и Институтот за физика при ПМФ во Скопје.
Насловна фотографија: Друштво на физичарите на Република Македонија





