„Живко Поповски – живот посветен на архитектурата“ е насловот на изложбата посветена на влијателниот скопски архитект што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Музејот на современата уметност во Скопје. Изложбата се темели на повеќегодишно истражување на професорките, д-р Анета Христова-Поповска и д-р Мери Батакоја. Поставката го осветлува проектантскиот опус на Поповски, претставен со ексклузивни материјали од приватната архива. Публиката ќе има можност да види десетици оригинални проекти, цртежи, фотографии и видеа, кои за првпат го откриваат целосниот спектар на неговите авторски преокупации.
Повеќе информации на линкот.





