„Уметноста на јавното говорење“ е насловот на тридневната обука што ја организира „М6 Едукативен центар“. Обуката ќе се одржи од 24 до 26 септември од 9 до 15 часот во просториите на М6. Програмата опфаќа три сегменти: Мисловни модели, самодоверба и актерски техники, Управување со емоции, градење врска со публиката, практичен настап и Односи со медиуми, ТВ-настап, справување со тешки прашања, работа пред камера.
Тренингот ќе биде предводен од Ирена Јакимова, Катерина Коцевска и Снежана Лупевска-Созен, сертифицирани експерти со 25+ години меѓународно искуство во управување со проекти и имаат значајно искуство во јавно говорење.
Повеќе информации на линкот.





