Изложба на слики и цртежи од уметничката Мариела Мицевска-Аџигогова вечерва во 19 часот ќе биде отворена во Културно-информативниот центар во Скопје. Во изложбениот салон „Империјал 1“ таа ќе се претстави со 20 дела, слики и цртежи работени во комбинирана техника, создадени последниве години.
Изложбата ќе биде отворена до 30 септември.





