Здружението на издавачите и книжарите на Македонија традиционално ги додели наградите на годинашниот Саем на книгата. За наградите во 5 категории, за изданија издадени меѓу двата саема, одлучуваше жирито со кое претседаваше писателот Блаже Миневски, во кое членуваа новинарката Весна Дамчевска и ликовен уметник Златко Глигоров.
Наградите ги добија:
– Најдобро оригинално издание од областа на литературата, науката, културата и уметноста:
„Viola arsenica“ од Влада Урошевиќ, издавачи: „Готен“ и МАНУ
– Најдобро ликовно-графичко обликување и дизајн на книга – едиција: „Гравири“, дизајн: Јованчо Димоски, издавач: „ПНВ Публикации“.
– Најдобро илустрирана книга или сликовница: „Приказни за добра ноќ на мама Ана“, од Билјана С. Црвенковска, илустрации: Магдалена Тофилоска и Горан Мрвиќ, издавач: „Светот на Биби“.
– Награда „Јаков од Камена Река“ за најдобра компјутерска обработка за печат или отпечатена книга или едиција: „Сирена која се смее: Пет бајки од венецијанското гето“ од Мирјана Огњановиќ, илустрации на Александар Палавестра, издавач: „Авант прес“.
– Најдобар книжар: Ивона Стојковска од „Светот на Биби“.





