Отворена Спомен-соба на Вера Кличкова, основачот на Етнолошкиот музеј

Спомен-соба на Вера Кличкова, основачот на Етнолошкиот музеј и доајенот на визуелната етнологија во Македонија е отворена во Музејот на Mакедонија во Старата скопска чаршија. На свеченоста се одржа и проекција и на биографски филм. Во собата се презентирани реставрирани оргинални предмети, документи и лични предмети, како и мебелот од канцеларијата во која Кличкова работела како директор скоро три децении.

– Во биографскиот филм прикажани се значењето и достигнувањата на Кличкова во етнологијата, музеологијата и создавањето на етнолошките филмови за кои зборуваат нејзини современици и колеги, за нејзината целосната посветеност и љубовта кон професијата, како и значајна улога во целокупниот општествен живот во Македонија – велат од Музејот.

Автори на поставката се Јован Шурбаноски и Елизабета Конеска, а промотор беше Владимир Ангелов, виш филмолог во Кинотеката на Македонија.

Фото: Музеј на Македонија

Сподели