Африканска вечер е на програмата на 24. издание на „Оффест“ во Националната опера и балет. Во 20 часот ќе настапи гитаристот Вју Фарка Туре наречен „сахарскиот Хендрикс“. Тој е син на колосалниот Али Фарка Туре и една од најголемите африкански ѕвезди денес. Африканска вечер ќе продолжи со Флорос Адуни, најистакнатото ново име од Гана.





