„Брз е векот“ е настанот со кој денеска во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат одбележани четири јубилеи поврзани со поранешни членови на Друштвото: Живко Чинго, Ташко Георгиевски, Ката Мисиркова-Руменова и Тодор Чаловски. На животот и делото на овие автори ќе нè потсетат, и извадоци од нивни дела ќе прочитаат писателите: Славе Ѓорѓо Димоски, Гоце Ристовски, Љубинка Донева и Марина Мијаковска.
Одбележувањето на јубилеите ќе биде отворено и затворено со настап на Марија Ристовска и Вегим Кучи, студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје.






