Виолончелистот Антонио Илиоски и пијанистката Јана Лолова ќе одржат хуманитарен концерт утревечер во 19 часот во Музејот на македонската борба во Скопје. Влезот ќе биде бесплатен, а на влезот во салата ќе биде поставена кутија за донации. Собраните средства ќе бидат донирани за погодените семејства од трагедијата во Кочани.
– Ве молам, наместо да ни носите подароци и честитки за концертот, ставете ги тие пари во касата, да им помогнеме заедно на сите настрадани, повредени и погодени од оваа трагедија – велат музичарите.
На програмата ќе бидатдела од Дебиси, Брамс и Форе.





