Сите пари од продажбата на влезници во Археолошкиот музеј во Скопје неделава ќе бидат донирани за семејствата на жртвите и на повредените во трагичниот пожар во Кочани.
– И покрај тоа што државата ги покрива трошоците за лекување на повредените, средствата од сите продадени влезници оваа недела ќе бидат донирани за поддршка на погодените семејства. Со ова сакаме да ја поттикнеме и пошироката заедница да се вклучи и помогне. Секој придонес е значаен – велат од Музејот.
Понеделник традиционално е неработен ден во музеите во цел свет. Од утре до недела Музејот е отворен за посета.





