За 10.000 евра параглајдинг репрезентативците не можат да заминат на Светското првенство во Аргентина

Македонската параглајдинг репрезентација се квалификуваше на Светското првенство што ќе се одржи од 31 октомври до 13 ноември во Аргентина. Но, патувањето на четиричлениот македонски состав е неизвесно, зашто немаат доволно средства за да го реализираат патувањето. Околу 10.000 евра ги одвојува од тоа да ја претставуваат Македонија на ваков светски настан. Александар Гацевски, Дарко Станковски, Мартин Јовановски и Владимир Неделковски, членовите на тимот, бараат поддршка на социјалните мрежи преку донации да можат да го остварат својот сон.

ЛЕТАЊЕТО Е СЛОБОДА! АЛЕКСАНДАР ГАЦЕВСКИ Е ЕДИНСТВЕНИОТ БАЛКАНЕЦ НА СУПЕРФИНАЛЕ НА СВЕТСКИОТ КУП ПО ПАРАГЛАЈДЕРСТВО

Воздухопловната федерација на Македонија го помогна тимот обезбедувајќи ги котизациите за четирите натпреварувачи (вкупно 2.000 евра), објаснува репрезентативецот Александар Гацевски, кој неодамна беше единствениот од Балканот што учествуваше на суперфиналето на Светскиот куп во параглејдерство, што се одржа во Швајцарија.

– За жал, нашата земја во моментот не одвојува доволно средства за да се покријат трошоците за учество на Македонија на Светското првенство, а истовремено, нашите пилоти финансиски се целосно исцрпени од изминатите натпревари и не можат да ги покријат и овие трошоци. Нашата Македонија можеби е мала земја, но докажано раѓа спортисти со врвни квалитети. Во параглајдингот можеме да се пофалиме дека имаме пилоти, херои, кои се меѓу најдобрите во светот. Фактот дека Македонија го живее своето „златно време“ во овој спорт повторно се потврди годинава со врвните успеси, подиуми и победи, на нашите пилоти на повеке интернационални натпревари – вели Гацевски.

 

 

Сподели