Сребро, бронза и пофалница за Македонија на Балканската олимпијада по физика

Средношколката Искра Нечаковска од битолската гимназија „Јосип Броз-Тито“ освои сребрен медал, а Марко Митевски од Математичко-информатичка гимназија (МИГ) од Скопје – бронзен медал на 6. Балканска олимпијада по физика што се одржува во Никшиќ, Црна Гора. Елена Трифуновска од МИГ освои пофалница, а Даниел Христовски од ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје доби сертификат за учество.

Учеството на македонскиот тим на олимпијата и подготовките на учениците го организираше Друштвото на физичарите на Македонија со поддржка од Институтот за физика и Природно-математичкиот факултет во Скопје. Водачи на тимот беа проф. д-р Ламбе Барандовски, асс. м-р Ирена Златановска, Гоце Геговски како и тимот што ги подготвуваше олимпијците. Балканска олимпијада по физика идната година ќе се одржи во Македонија.

Фото: ДФРМ

Сподели