Светскиот ден на слободата на медиумите во знакот на еколошките кризи

„Новинарството соочено со еколошка криза“ е насловот на кампањата со која УНЕСКО го одбележува 3 Мај, Светскиот ден на слободата на медиумите. Оваа година денот е посветен на важноста на новинарството и слободата на говор, во контекст на глобалната еколошка криза што ја живееме.

Ви споделуваме серија постери во продукција на УНЕСКО, кои сугерираат дека во светот, како и кај нас, многу стории треба да се раскажат.

– Новинарите не смеат да ги премолчат приказните за уништување шуми, реки, езера, за пожари како последица на глобалното затоплување, суши што уништуваат цели региони, загадување на воздухот и другите природни ресурси, исчезнување на видови… Новинарите и еко-активистите секојдневно ги ризикуваат своите животи за да ја кажат вистината за состојбата на планетата. Реалноста не е секогаш убава, ниту пријатна, но обелоденувањето на кризата е првиот чекор кон нејзино решавање – велат од Советот на етика во медиумите на Македонија.

Сподели