Драмски театар од Скопје ќе востанови награда „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30 години. Текстот ќе биде избиран по пат на јавен конкурс.
-Преку овој чин се оддава почит и се чува споменот за Горан Стефановски и неговата улога во развојот на македонската драматургија и театар, и воедно се проширува заложбата на Драмскиот театар за афирмација на македонските млади автори и македонското драмско писмо. Стефановски како млад драмски автор со драмските дела „Јане Задрогаз“ и „Диво месо“ во соработка со ДТС постигна успеси за паметење – велат од театарот.
Театарот исто така ќе учествува и во Фондацијата „Горан Стефановски“ основана со одлука на УКИМ под иницијатива на Факултетот за драмски уметности.





