Приказни, смеа и радост со „Халкбанк“ и „Литера“ на Светскиот ден на литературата за деца

Магијата на приказните ги допре децата во скопската градинка „Пролет“ каде денеска беше одбележан 2 Април, Светскиот ден на литературата за деца. „Халкбанк“, во соработка со Меѓународниот фестивал за илустрација и литература за деца „Литера“ им направи убава атмосфера на празничниот ден, а маскотата Халки ги израдува со халки пакетчиња, пренесувајќи го духот на добрата приказна и читањето.

Настојувајќи да ги поттикнат децата на читање и развивање на креативноста, авторката Александра Тодоровиќ им пренесе една особено весела и инспиративна приказна за Халки.

– Во „Халкбанк“ сме длабоко посветени на развојот и образованието на децата. Веруваме дека секое дете има право на пристап до квалитетно образование и до книги кои носат насмевки на лицата. Со ваквите иницијативи, продолжуваме да ги ослободуваме потенцијалите на децата и да создаваме подобра иднина за нив – изјави Маја Наумовска-Савеска, директор за корпоративни и маркетинг-комуникации во „Халкбанк“ АД Скопје.

Оваа инспиративна заедничка акција на „Халкбанк“ и Фестивалот „Литера“ има за цел да ги охрабри малите читатели да истражуваат и да се подготват за предизвиците на светот со најважната алатка – книгите.

Преку различни кампањи и проекти, „Халкбанк“, заедно со маскотата Халки, им носи радост и среќа на децата воведувајќи ги во светот на финансиите и личната одговорност на начин кој е прифатлив и забавен за нив.

Слончето Халки, како симбол на детското штедење, е дел од голем број општествено одговорни проекти на „Халкбанк“. Преку различни настани, работилници и програми, децата учат важни теми како што се здрава животна средина, прифаќање и креативно изразување. Халки е омилен другар на малите, но и на големите деца, поддржувајќи ги во нивните авантури и во развивање на талентите.

Сподели