Сара Климоска во режисерски води

Краткометражниот игран филм „Врзани“, режисерско деби на македонската актерка Сара Климоска, е дел од селекцијата на престижната програма European Short Pitch, информираат од продуцентската куќа „Унита филм“. Финалната фаза ќе се одржи од 26 до 29 февруари во Рен, Франција.

Од 2007 година, дел од оваа програма биле стотина филмови од краток формат кои потоа остваруваат значајни успеси и премиерни прикажувања низ најголемите светски фестивали како Кан, Берлинале, Локарно, Санденс итн.

Од илјадници апликации секоја година, European Short Pitch издвојува вкупно 12 проекти од исто толку европски земји. Програмата има за цел да ги развие, вмрежи во копродукции и дистрибуција, како и да ги промовира филмските остварувања при понатамошниот тек на реализација.

Продуцент на „Вразни“ е македонскиот филмски режисер Вардан Тозија и продукциската куќа „Унита Филм“.

Сподели