„Севилскиот бербер“ со Васко Здравков и Биљана Јосифов

На сцената на Националната опера и балет в сабота (3 март) ќе биде изведена популарната комична опера во два чина „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Станува збор за приказна за победата на младоста и љубовта.

Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на Урсула Хорнер (Австрија), сценограф е Марија Ветероска, костимографијата е на Марија Пупучевска, хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ.
Изведувачката екипа ја сочинуваат: во улогата на Фигаро ќе настапи Васко Здравков, во улогата на Розина, Биљана Јосифов, во улогата на Гроф Алмавива ќе настапи гостинот од Италија, Роберто Јачини Вергилиј, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски, Берта: Соња Пендовска Мадевска, Фиорело: Драган Ампов, Амброзио: Марко Димовски, Камениот човек: Борко Биџовски, чембало: Елена Сиљаноска во придружба на хорот и оркестарот на НОБ.

Операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со кои ретко кое друго оперско дело може да се спореди.

Сподели