Од 15 до 17 март ќе се одржи Охридската интердисциплинарна студентска конференција, најголемиот интердисциплинарен студентски настан во Македонија годинава. Конференцијата ја организираат Универзитетско студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а ја поддржуваат повеќе институции и компании. Целта е да се зајакне меѓуфакултетската соработка и да се сплотат различните студентски животи на УКИМ во едно унифицирано академско тело.
– Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од ова уникатно искуство во Охрид, каде што ќе се преплетаат знаењата, идеите, и дружбите во едно големо академско собирање – велат од УСС.
Националната агенција дава силна поддршка во организацијата на конференцијата.
– Овој најголем студентски настан ќе понуди низа на работилници и панели чија цел е поттикнување на мотивацијата, проширување на знаењата, но и развој на иновативните академски аспекти во насока на поквалитетно образование за сите – велат од Националната агенција.





