Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија ги закажа натпреварите по хемија за учебната 2023/2024 година. Општински натпревари ќе се одржат онлајн во училиштата на 23 февруари. Регионални натпревари се закажани за 12 и 13 април, а државните ќе се одржат на Институтот за хемија на 31 мај за основците, односно на 1 јуни за средношколците.
Натпреварите ги организира Сојузот како единствено актердитирано здружение од Министерството за образование и наука. Повеќе информации на линкот.
Фото: СХТМ





