На денешен ден во 1962 година е пронајден папирусот од Дервени, Грција, напишан во 340 година пред новата ера, за време на владеењето на Филип Втори Македонски. На папирусот е испишан текст, филозофски трактат, теогонија за раѓањето на боговите, произведен во опкружувањето на филозофот Анаксагора.
Се смета дека ова е најстариот преживеан ракопис во Европа. Самата песна е составена кон крајот на 5 век п.н.е., а на полето на грчката религија и раната филозофија, ова е најважното текстуално откритие на 20 век. Ракописот целосно е објавен во 2006 година. Денес се чува во Археолошкиот музеј во Солун.
Извор: Википедија





