Прва самостојна изложба на фотографии од младиот Никола Станишлевиќ е отворена во Europe House Струмица. Во родниот град тој се претстави со фотографии од секојдневниот живот.
– Погледни – најповторуваниот збор во фотографијата. Нашите погледи им даваат на луѓето „поглед“ во тоа кои сме ние, затоа и постои оваа изложба, да ни ја покаже убавината на погледот – вели младиот Никола.





