НАЈЧИТАНИ ВО 2023: Околу 300 наставници се обучија за шах, воведувањето како предмет сè уште оди тешко

Текстот за позитивните искуства од воведувањето на шахот во наставата во основното образование, беше еден од најчитаните во 2023 година. Шахот навистина може да има многу позитивно влијание на целокупниот образовен систем. Ги охрабрувам колегите, кои размислуваат дали да започнат со работа, воопшто да не се плашат од новитетот, зашто ние како наставници не треба да знаеме шах, во материјалите за работа е сè убаво средено, а нас ни останува да си играме и секако, да ги поврзуваме со секојдневието“, вели Анета Мицковска, одделенска наставничка во ОУ „Киро Глигоров“ во скопската населба Центар, едно од училиштата каде што уште во октомври шахот беше воведен како изборен предмет.

Ова е едно од основните училишта каде што се воведе шахот, што како новина јавноста го прифати позитивно. Околу 300 наставници од скоро сите градови од Македонија веќе се обучени од членови на Шаховската федерација на Македонија, а во второто полугодие се очекува и поголема примена во школите.

Прочитајте го целиот текст на следниот линк.

Сподели