Промоција на „Кога ќе стивне прашината“ на Јасмина Атанасова во „Аудиокултура“

Книгата „Кога ќе стивне прашината“ од Јасмина Атанасова ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во „Аудиокултура“ во Скопје. Првото книжевно патување на Атанасова ќе го промовира Дарко Лешоски, а е во издание на „Восток“ од Скопје.

Љубовта во „Кога ќе стивне прашината“ е подеднакво потребна како и воздухот, а на моменти и повеќе од тоа. Но, сепак ова не е љубовен роман. Романот „Кога ќе стивне прашината“ од Јасмина Атанасова е зрело прозно писмо, за кое тешко може да се погоди дека е дебитантски роман. Пишуван во прво лице, од страна на жена-наратор, која истовремено е и лик во својата приказна.

Книгата беше прв пат промовирана во Битола во октомври во Офицерскиот дом.

Сподели