На Светскиот ден на науката за мир, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје вчера ги додели наградите за најдобри научници и уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои покажале врвни резултати во научноистражувачката, односно уметничката дејност, за 2022 година.
Наградени научници се:
д-р Петре Макрески, редовен професор на Природно-математичкиот факултет – Скопје; (природно-математички науки)
д-р Владимир Ѓоргиевски, доцент на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје; (техничко-технолошки науки)
д-р Никола Гешковски, вонреден професор на Фармацевтскиот факултет – Скопје; (медицински науки и здравство)
д-р Виктор Стојкоски, асистент на Економскиот факултет – Скопје; (општествени науки)
д-р Силвана Симоска, редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“- Скопје; (хуманистички науки)
м-р Дино Имери, вонреден професор на Факултет за музичка уметност – Скопје. (уметности)
Во рамките на настанот се одржа и дебата на тема „Науката на УКИМ во функција на подобро општество“.





