Тринаесеттото издание на манифестацијата „100 илјади поети за промена“ ќе биде отворено задутревечер (30 септември) во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Во 20 часот ќе биде промовиран годинешниот зборник нарепен „100 илјади поети за промена“ и ќе се одржи поетско читање на дел од застапените поети од Србија, Грција, Бугарија и Македонија, ќе биде отворена и изложба на плакати и ќе се одржи музичко-сценски перформанс.
На конкурсите годинава, како што велат организаторите, се вклучени повеќе од 200 поети и 20 дизајнери.
Манифестацијата е поддржана од градоначалникот и Општина Струмица, како и Фондацијата Заев.





