Премиера на македонскиот краток филм „Мавера“ на „Браќа Манаки“ во Битола

Во Центарот за култура во Битола вечерва во 19 часот премиерно ќе биде прикажан краткиот филм „Мавера“ по сценарио и режија на Батухан Ибрахим и Стефан Ѓоргиевски, кинематографер. Независниот филм е во копродукција со Факултетот за драмски уметности во Скопје и „Апофенија пост“ и е единствен краток македонски филм во официјалната селекција на кратки филмови на Интернационалниот фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“.

Филмот беше селектиран во голема конкуренција од македонски и странски кратки филмови.

Продуценти се Ибрахим и Ѓоргиевски, монтажер е Драган Спасов, а дизајнот на звук е на Ристо Алчинов. Главните улоги ги толкуваат Симона Спировска и Мирјана Трпковска. Костимограф на филмот е Андреј Ѓоргиевски-Папаз.

Сподели