Во Кинотеката на Македонија денеска и утре ќе се одржи Меѓународниот фестивал на етнографски филм „ЕТНОФФ 9“. Фестивалот го организира Македонското студентско етнолошко друштво. Отворањето е закажано за 19 часот со поздравен говор на член од Друштвото. Во продолжение е програмата вечерва и утревечер.
22 септември
19.15 часот – ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМОВИ
„Прашина“ – Каја Ракушчек (Словенија)
„Aшк(љубов)“ – Владимир Андонов (Бугарија)
„Живееме со можеби: Потрага по исчезнатите фамилии во пост-воен Азербејџан“ – Лејла Јафарова (САД)
„Наследени занаети“ – Осман Јусеинов (Бугарија)
21.30 часот – ФРАГМЕНТИ
„Звукот на занаетчиството“ – Филм произлезен од минатогодишната работилница за снимање на етнографски филмови во рамки на Меѓународниот фестивал на етнографски филм ЕТНОФФ 8 во организација на Македонското студентско етнолошко друштво (МСЕД). Предавачи: Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.
„Хала / краток експериментален филм“ – филмот е направен како дел од работилницата за експериментален филм на 2. Центар за интердисциплинарни активности, 2023 година.
ИЗЛОЖБА: Центар за интердисциплинарни активности 2023
23 септември
19 часот РАБОТИЛНИЦА ЗА СНИМАЊЕ ЕТНОГРАФСКИ ФИЛМОВИ
Предавач: Билјана Јуруковски, светски етаблиран фотограф чии фотографски експедиции ја однесоа во различни делови на светот, доловувајќи ја суштината на човештвото и расветлување на ретко посетените заедници.
20 часот ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМОВИ
„Враќање кон домот од детството пред последното збогување“ – Андре Алмеида Родригез (Португалија)
П.И.М- Валентин Ангел (Романија)
„Селото дава отпор“ – Давид Берт Јорис Дерт (Белгија)
„Среќниот тежок живот на Psyclean crew“ – Фондација The Psyclean crew и Studio Manok Maakt (Унгарија)





