Во Музејот на град Скопје денеска во 18 часот ќе се одржи работилница за мозаик наменета за деца од 5 до 8 години. Работилницата е во рамките на иницијативата „Халки шарено лето“ што ја организира Халкбанк АД Скопје. На работилницата „Мозаик што раскажува ѕвездени приказни“ малите учесници ќе работат на шаблони со природни материјали под менторство на искусни уметници.
Работилницата е насловена „Мозаик што раскажува ѕвездени приказни“. Малите учесници нема само да ги учат основите на мозаикот, туку низ тимска работа ќе учат за реупотреба на материјалите, важноста на рециклирањето, но и да се почитуваат меѓусебно.
Работилницата е дел од серијата настани „Халки шарено лето“ што се одржува со поддршка од Халканк АД Скопје во соработка со Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“. Искусни уметници на децата им ги пренесуваат основите за уметностите со кои се бават, а децата имаат шанса да танцуваат, свират и активно да учествуваат во процесот на создавање уметност.





