Велес домаќин на Меѓународен стрип салон

Македонскиот стрип центар од Велес од денеска до недела ќе биде домаќин на 20. издание на Меѓународен стрип салон „Велес 2023“. Отворањето е закажано во 20 часот во Europe House Велес.

На салонот кој е свевидна стрип колонија ќе учествуваат 12 автори од Полска, Словачка, Чешка и Унгарија и 16 стрип-автори од Црна Гора, Србија, Косово и од Македонија. Во рамките на настанот на 25 август ќе биде организирана посебна тематска изложба под наслов „20 години меѓународен стрип салон“, со плакати од сите досега организирани салони.

Сподели