Пријавете ги вашите деца за работилница „Мојата џиновска сликовница“

„Мојата прва џиновска сликовница“ е насловот на првата летна работилница наменета за деца што ќе се реализира во Музејот на град Скопје. Првата е закажана за утревечер од 18 часот, а наменета е за деца од 8 до 12 години.
Ова е супершанса за сите дечиња што сакаат да научат како се создава една сликовница. И нема подобар ментор за такво нешто од писателката Јулијана Величковска која го понесе признанието за најдобар текст на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“, за нејзината сликовница „Ведра“.
Бројот на учесници е ограничен на 25 деца, па затоа веднаш пријавете се со пополнување на формуларот, достапен тука.
Под слоганот „Халки шарено лето“, Halkbank AD Skopje се погрижи и овој летен распуст најмладите да учествуваат на интересни активности кои ќе придонесат за развој на нивните креативни вештини и знаења. Наскоро слончето Халки ќе организира работилници за правење мозаик, за сценографија, модерни танци, тајните на фотографијата и магијата на хартијата.

Сподели