На 71 година по кусо боледување почина театарската и ТВ-режисерка Виолета Џолева, објави нејзината ќерка. Џолева беше една од најплодните македонски режисерки, а меѓу последните претстави ѝ беа „Партија реми“ во Драмски театар во 2018 и „Земја во која не се стигнува“ според текст на Оливера Николова во Театарот за деца и младинци.
Дипломирала на Театарската академија во Белград во 1974. Била член на Радиодрамата (1958–1969), режисерка во РТВ Скопје (1974–1976), режисерка во Камерниот театар во Сараево (1976–1992); слободна уметничка (1992–1994), а од 1994 беше драматург и режисерка на МРТ.
Фото: Виолета Џолева





