Археолошко истражување на локaлитетот Градиште кај селото Долно Лакочереј е во фокусот на истражувачките активности во рамките на проектот „Погранични студии. Истражување на идентитетите и културните контакти на пограничната област на Античка Македонија“. Истражувањето е дел од меѓународниот проект во кој учествуваат Археолошкиот музеј од Скопје и Карловиот Универзитет од Прага, во партнерство со Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид, Германскиот археолошки институт, Чешкиот геолошки институт и Универзитетот на Јужна Бохемија од Чешке Будејовице.

Археолозите велат дека целта на истражувањето е да се добие прецизна слика за стратиграфијата на оваа населба која има исклучителна стратешка позиција. Раководители на проектот се м-р Перо Арџанлиев од нашиот Археолошки музеј и д-р Марек Верчик од Карловиот Универзитет. Истражувањата траат неколку години.
Фото: Археолошки музеј





