„Чудна шума“, нова книжарница и галерија во Скопје

„Чудна шума“ е новата книжарница и галерија која ќе биде отворена утре во 18 часот во центарот на Скопје. Локацијата е веднаш до Универзална сала, на улица „Костурски херои“ (29 Ноември) бр. 19. Покрај книги, во „Чудна шума“ ќе се продаваат квалитетни уметнички материјали, ќе може да се печатат фотографии и графики на квалитетна хартија. „Чудна шума“ е официјален партнер на Hahnemühle – германскиот произведувач на хартија со традиција од 1584 година.

– Се угледавме на неколку работи и се обидовме да ги споиме во едно – на малите книжарници во светот кои те мамат со мноштвото различни книги во кои секој може да си најде нешто, на нашата филозофија (чудношумска) за влегување во еден волшебен свет. Се обидовме тоа да го доловиме со дизајнот и уредувањето на просторот. Тука ќе најдете квалитетни уметнички материјали, ќе можете да испечатите добар принт (фотографија, графика) на суперквалитетна хартија – најавуваат од „Чудна шума“.

Книжарницата-галерија ќе биде отворена секој работен ден од 10 до 20 часот, а во сабота – од 10 до 17 часот.

Сподели