Крос трка по повод Меѓународниот ден на здравјето ќе се одржи денеска во 11 часот во Градскиот парк во Скопје. Трката ќе се одржи на тартан патеката, а ќе се трча на 250 метри во мешана категорија, момчиња, девојчиња. Предвидено е и штафетно трчање 200 метри (4×50 метри).
– Целта на манифестацијата е да го одбележиме Меѓународниот ден на здравјето и да испратиме порака дека спортувањето и здравиот начин на живеење ќе допринесат за долг и здрав живот – велат организаторите, Детскиот културен центар „Карпош“.





