„Култура Бета“ распиша конкурс за филмска рецензија

„Култура Бета“ распишува конкурс за филмска рецензија. На конкурсот може да учествува секој ентузијаст што сака да гледа филмови и да пишува за нив.

Рецензијата не треба да биде да биде подолга од страна и половина, треба да ги содржи основите информации за филмот и фотографија од филмот што ќе биде обработуван. Жанровски ограничувања нема.

Рокот за испраќање на рецензиите е15 април, а текстовите треба да се испратат на kulturabeta@yahoo.com.

Избраните текстови потоа ќе бидат објавени на платформите на „Култура Бета“.

Сподели