Ви пренесуваме дел од атмосферата од вчерашното отворањето на втората сезона на Етно клубот при Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
– Црешовото дрво го засадија студентки од биологија, етнологија и шумарски факултет (трите митолошки грации: Персефона, Флора и Весна – сите божици на пролетта), а во тоа помогна и стручната рака на Деканот на Факултетот за шумарски науки – велат од ИЕА.
Присутните читаа хаикуа на јапонски, македонски, англиски и на грчки јазик. Гледаа црешови цветови под микроскоп и играа друштвени игри – пикадо, бадминтон, игри со јапонска тематика. Од Институтот најавуваат дека ќе се обидат секој петок да организираат дружби во Етно клубот.




Фото: ИЕА





