Изложбата на фотографии на Никола Јовановиќ во КИЦ

Изложбата на фотографии „Мразам плејбек” на авторот Никола Јовановиќ ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Културно-информативен центар, Салон Империјал 2 во Скопје. Изложбата е посветена на алтернативната музичка сцена во Скопје и пошироко. Претставени се 25 фотографии (колор и црно-бели) од музичари и бендови во период од крајот на 2020 до почетокот на 2023 година со кратка и јасна порака „Мразам плејбек”. Станува збор за млади бендови и музички настани на кои настапувале истите, портрети на млади музичари.

Никола Јовановиќ е млад фотограф роден во Скопје (2002), кој активно се бави фотографија неколку години. Кон крајот на 2020-та година се посветил на портретна и музичка фотографија. Црно-белата фотографија е негов заштитен знак, негува ретро стил налик на оној од крајот на 20. век. Изложбата „Мразам плејбек” е посветена на неговиот повеќегодишен ангажман во полето на музиката.

Сподели