Две нови периодични изданија вчера беа промовирани во Археолошкиот музеј во Скопје. Беа промовирани „Зборник на Археолошки музеј бр. 14“ и „Македонски нумизматички гласник бр. 6“. Промотори на изданијата беа академик Вера Битракова-Грозданова и Катерина Христовска, раководителка на Музејот на Народна банка.
– Со овие изданија продолжува испишувањето на низата од научните сознанија за археолошките предмети и локалитети на македонската почва од предисториската епоха до османлискиот период во веќе децениски етаблираните едиции, кои сведочат за развојот и континуитетот на археолошката наука и сродните дисциплини во нашата земја, како важен чинител во општествениот живот, во профилирањето на вистинските културни вредности, во градењето на државноста во текот на минатиот и овој век – велат од Археолшкиот музеј.
Насловна фотографија: Археолошки музеј





