Романтичниот балет во два чина „Жизел “ од Адолф Адам ќе биде изведен на сцената на Националната опера и балет вечерва во 20 часот. Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Во насловната улога ќе настапи примабалерината, Мими Поп Алексова Атанасовска, во улогата на Алберт ќе настапи, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), во улогата на Мирта: Илијана Данилов, во улогата на Хиларион Бобан Ковачевски.
Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Диригент на претставите е Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло дизајн: Милчо Александров.
Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.





