30 години од „Елфаско“ – кога студенти интервјуираа премиери

Студентско интервју со тогашниот премиер Бранко Црвенковски и со архепископот г. г. Михаил, прв обид за текст испратен по имејл кој поради проблеми со DialUp конекцијата не успеале да го „симнат“, па текстот стигнал со „автобус“. Ова се дел од приказните за почетоците на првото независно студентско списание „Елфаско“ кое излезе на 13 септември 1993 година. Иницијаторите Хари Локвенец, Небојша Гелевски и Горан Гулабовски (Хари, Бане, Гулаб), тогашни студенти на Електро-техничкиот факултет во Скопје се децидни – денес сите имаат успешни кариери, но „Елфаско“ го сметаат за својот најголем и најискрен успех.

Приказната почнува на ЕТФ преку ентузијазмот на неколку студенти, кои понесени од желбата за промовирање на слободна и прогресивна мисла, влетале во новинарска авантура. Првиот број излегува на 12 страници црно-бел печат, веќе од вториот број расте, сè до 48 страници со сеопфатни теми и квалитет со што ќе се наметне пред читателската публика и надвор од студетските ходници на ЕТФ.

Тројцата елфасковци се согласни дека акумулираната младешка енергија и желбата да најдат изразно средство како канал за нивната кретивност во синтеза со прагматичноста и прецизноста која ја поседуваат инжинерите се артикулирала во ова списание.

Целиот текст од Ана Василевска, посветен на 30-годишнината на „Елфаско“ е објавен на Новатв.мк, а можете да го прочитате на линкот.

Насловна фотографија: Преземена од Новатв.мк со довола од авторката на текстот.

Сподели